efsis
Знак за квалитет
sunce

 

КАПАЦИТЕТИ

Кланицата ПИЛКО е прва, модерна, совремана кланица за пилиња во Република Македонија. Со изградбата на оваа кланица започна една нова индустриска гранка во Република Македонија, а тоа е бројлерското производство. Целите и визијата на ПИЛКО се да го снабдува домашниот пазар со свежо пилешко месо.

Пилињата се хранат со храна која не содржи месно и коскено брашно, а тоа значи дека не постои никаква опасност од пренесување на прион, кој е предизвикувач на болеста на лудите крави.
Храната не содржи никакви додатоци - ингредиенти за брзо растење на живината, штетни материи итн., туку само ги содржи неопходните хранливи материи.

Производствениот капацитет на кланицата е 1000 бројлери на час и вкупно дневно производство од 20000 бројлери. Се користи модерна холандска технологија Systemate Nymafa, која е последен тренд во технологијата на кланичната индустрија.

Дистрибуцијата на свежо и замрзнато месо е сопствена. Целокупното производство на кланицата се пласира на домашниот пазар. Со оглед на тоа дека ПИЛКО поседува дозвола за извоз во трети земји, се преземаат напори за извоз на свежо пилешко месо во земјите на соседството.

ПОТПОЛНО ПРИРОДНО!

Без вештачки стимулатори за раст!
Без употреба на коскено брашно!
Без вештачки состојки и недозволени адитиви!