efsis
Знак за квалитет
sunce

 

ЕКОЛОШКИ СТАНДАРДИ

Кланицата ПИЛКО е новоизграден објект, во кој се почитуваат сите европски стандарди за таков вид објекти. Зградата е опремена со комплетно нова опрема и поседува своја ветеринарна служба која се грижи за целокупниот процес од гледна точка на ветеринарните стандарди. Тоа подразбира целосна контрола од страна на ветеринарната служба на: производството на фарма, процесот на одгледување, колење, ладење, замрзнување и дистрибуција.

Почитувањето и спроведувањето на еколошките норми и стандарди во кланицата е на прво место. За тоа говори и фактот дека ПИЛКО поседува пречистителна станица - анаеробна, која се наога во состав на кланицата.

Со оваа пречистителна станица целосно е решено прашањето со отпадните води. Водата од производствениот процес оди во пречистителната станица, минувајќи низ посебни примарни, секундарни и терцијални филтри. Се применуваат најсовремени средства за дезинфекција на објектите со помош на централниот систем за дезинфекција. Хигената е на многу високо ниво во однос на целокупниот процес на производство.

ПОТПОЛНО ПРИРОДНО!

Без вештачки стимулатори за раст!
Без употреба на коскено брашно!
Без вештачки состојки и недозволени адитиви!